Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Крмов: Пропадна и вториот обид на Левица за надзорна расправа за трагедијата во Кочани - власта гласаше против

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-05-22-at-10.14.49

Втората иницијатива на партијата, односно пратеничката група на Левица за свикување надзорна расправа по однос на трагичниот настан во Кочани повторно беше одбиена од страна на владејачкото мнозинство, соопштуваат од Левица. Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, изрази разочараност од повторното блокирање на иницијативата, потенцирајќи дека уште на 3 април пратениците од Левица поднеле официјално барање за надзорна расправа, кое сè уште не е влезено во процедура поради недоволниот број на пратеници-потписници.

„Со шест пратеници немаме доволен број за да поднесеме надзорна расправа. Ни требаат уште минимум девет потписи, но ниту една друга пратеничка група во Собранието не се одважи да се приклучи“, изјави Крмов.

— реклама —

Тој истакна дека борбата за институционално расветлување на трагедијата не е завршена и најави дека Левица ќе продолжи да инсистира оваа точка да се најде на дневен ред на следна специјална седница на Комисијата. Тој посочи дека претседателот Апасиев повторно ќе ја предложи иницијативата, по што ќе се види дали владејачкото мнозинство ќе остане на истата позиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 22 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања