Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarytnfrp9tv4ccqcwiPHMr

„Овој буџет не е развоен. 90% од буџетот отпаѓа на тековни расходи. Само 9.7% одат на капитални инвестиции, дури и помалку, затоа што е ставено и НАТО во капитални инвестиции, небаре пукање бомби носат економски раст и создаваат некаква економска вредност“ -  истакна пратеникот Крмов во своето обраќање по однос на Буџетот на денешната Седница.

Во продолжение, пратеникот од Левица даде посебен акцент на фактот дека секој трет денар во овој Буџет е предвидено да дојде од задолжување.

„31% од овој Буџет се предвидени од задолжување. Значи секој трети денар е од странски пари. Над 1.6 милијарди враќаме долгови секоја година. Додадете ги тие пари на пензискиот фонд којшто е 2,4 милијарди евра, ние имаме буквално пола буџет којшто е долгови и пензии.“

Крмов рече дека „Спрема тоа како се има трошено милијардата од Унгарија, ние гледаме како ќе се трошат 6 милијарди од Британија“ и потсети на барањето од Левица јавно да се сподели кои фирми ги добиле парите од кредитите коишто народот ќе ги плаќа, но власта одлучила да го крие нивниот идентитет. 

„Како прво 250 милиони кои отидоа во приватниот сектор и ден денес ги криете фирмите. Левица упати барање до Министерството да ги објавите фирмите, ние имаме добиено одговор 'дека ќе бил нарушен интересот на фирмите'. Значи приватниот интерес на фирмите е пред јавниот интерес. Тоа не носи до сомнеж дека тие пари имаат отидено кај фирмите блиски до ДПМНЕ.“

Пратеникот од Левица заклучи дека Буџетот којшто го проектира власта за 2026 година е потрошувачки, и предвидува само десетина проценти за капитални инвестиции, за чијашто реализација се сомнева.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 15 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања