Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кузеска: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ја доведоа во прашање работата на Детската Клиника Козле после 40 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

,,Функционирањето на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата, кој се наоѓа тука во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“, е доведено во прашање после 40 години.

— реклама —

Само поради непромислените и погубни одлуки на новата директорка, Каролина Симоновска, кадар на ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од морална и етичка свест, си дадоа оставки поради одлуката на директорката Симоновска да не дозволи набавка на потребните материјали, апаратчињата „баскет“, во потребниот број.

— реклама —

Дополнително, шест члена од новиот тим за бронхоскопија, исто така поднеле барање до директорката Симоновска да бидат изземни од извршување на работата.

Апаратчињата „баскет“ се неопходни за извршување на интервенциите за безбедно вадење на залетнат предмет во дишните патишта кај малите деца.

Симоновска сакала да го раскине и договорот со анестезиолозите.

Директорката Симоновска треба да одговори, дали се точни информациите дека вработените на клиниката трпат мобинг?

Дали е тоа е уште една од причините за распад на овој оддел кој работи над 40 години?

Во моментов на одделот за бронхоскопија нема ниту тум, ниту материјал, што го става под директен ризик здравјето и животот на децата на кои ќе им е потребна ваква интервенција.

Директорке Симоновска, да Ве потсетиме, Вие пред сѐ сте доктор кој положил заклетва, кој се обврзал дека ќе се грижи за здравјето на граѓаните. Во ваши раце е здравјето на нашите најмили.

Клиниката „Козле“, не е ниту приватна фирма, ниту партија! Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност !

Вашите одлуки се тотално неодговорни и опасни по здравјето на децата и треба да бидат променети!

Бараме кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ја вратат во функција детската клиника Козле и директорката да понесе одговорност.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 5 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 6 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 9 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања