Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кузеска: Се кријат детали за договорот со Британија, Мицкоски мора да каже дали се прифаќаат мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
BKuzeska3

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска побара од Владата и премиерот Христијан Мицкоски итно да одговорат дали во текот на престојот во Велика Британија се разговарало за прифаќање мигранти и отворање мигрантски кампови во Македонија.

— реклама —

„Македонската влада избегнува да даде одговори на клучни прашања кои го потресуваат регионот. Според информации од Британија и реномирани британски медиуми, темата за мигрантите била во фокусот на средбите, но од нашата влада нема ниту една точна информација. Ова покажува дека повторно нешто се крие“, рече Кузеска.

— реклама —

Таа истакна дека премиерот Мицкоски одбил да даде интервју за весникот „Тајмс“, што го потврдил и самиот медиум, и побара да се одговори дали постои дополнителен договор за мигранти во рамки на најавениот заем од 7 милијарди евра од Британија.

— реклама —

„Граѓаните имаат право да знаат дали се разговара за отворање кампови и што точно се договарало во Лондон. Ако нема што да се крие, зошто Мицкоски избегал од интервју и зошто молчи?“, додаде портпаролката.

СДСМ прашува и дали владата планира оваа информација да ја соопшти дури по завршувањето на изборите, со цел да ја избегне јавната реакција.

„Ова не е прашање за кое може да се носат одлуки без да се информира јавноста. Владата мора јавно и транспарентно да каже – дали има договор за мигрантски кампови и под кои услови“, изјави Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 6 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 7 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 10 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања