Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кузеска: Време е за одговорност – граѓаните се трујат, а власта лаже и потфрла во справување со пожарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library9ddsduac28ci9SPtQ4O

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро ја критикуваше актуелната влада, обвинувајќи ја за неспособност, лаги и свесно загрозување на здравјето на граѓаните во услови на сериозна еколошка криза.

Кузеска истакна дека Владата го потврди скандалот што СДСМ претходно го објави, односно дека 400 пожарникари, кои беа најавени со голем ПР, сè уште не ја добиле првата плата, иако активно работат на терен среде разгорени пожари. Таа го нарече ова "празно оправдување и потценување на граѓаните".

— реклама —

„Млади луѓе со месеци се ангажирани во општините, останаа без денар, а граѓаните без вистинска заштита од пожари и еколошки катастрофи,“ рече таа.

Според Кузеска, власта на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што е неспособна, туку и ги манипулира граѓаните со лажни приказни и изговори за наводни хибридни напади, додека, како што рече, „народот се гуши во канцерогени честички“, депониите и понатаму горат, а 20% од територијата е изгорена.

— реклама —

Таа предупреди дека повеќе не станува збор само за неспособност и лаги, туку за свесно загрозување на здравјето и животот на луѓето. Според СДСМ, по пожарот во Трубарево, граѓаните на Скопје дишеле олово, арсен и кадмиум, а власта, наместо да реагира итно, молчела и уверувала дека опасност нема.

„Лично Христијан Мицкоски тврдеше дека загадувањето на воздухот не е големо,“ рече Кузеска, оценувајќи ја власта како „неспособна, измамничка и без чувство за одговорност.“

СДСМ бара итна одговорност од владата за справување со пожарите, за еколошката катастрофа и за, како што велат, лагите со кои се излажани и граѓаните и пожарникарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања