Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кузеска за Груби: Како што се договорија да го пуштат, така се договорија да се врати, кој се смее кога го апсат?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryil0repj8ar032AFmIjN

Богданка Кузеска (СДСМ) тврди дека „бегството“ и најавеното враќање на Артан Груби се политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со цел да се спаси Мицкоски и да се дефокусира јавноста. Таа обвинува дека се прикрива наркоскандалот со 5 тони дрога и низа сомнителни тендери поврзани со кругот околу Мицкоски, за кои нема реакција од обвинителството. Според неа, власта прави „театар“ и медиумски кампањи за падот на рејтингот и за поврзување на СДСМ со ДУИ.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

ДУИ го спасува Мицкоски, му фрлија гума за спасување. После денешниот театар на македонската граница, веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор. За да само ова го најави, уште во декември 2024 година, сега само се потврди пред очите на македонската јавност, вели Богданка Кузеска од СДСМ.

„Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин, ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот наркоскандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на владата на Мицкоски. Но и бројни скандали со криминални тендери за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори. 161 тендер за семејна фирма на директорот на Созара, 51 тендер за пирамид билдинг, 74 тендери за Ленди Груп, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендер преку пошта за фирма блиска до "Знам".

— реклама —

Сите тендери почитувани водат до најтесниот круг околу Мицкоски, а повеќе од 80 дена нема реакција од обвинителството. Повеќе од 20 дена нема одговори за 5 тони дрога, нема одговори за сликите со Симе, за Адамовиќ.

Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата, но ќе добијат театар како денеска. Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтингот на Мицкоски. Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните. Копи-пејст по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е под пад најавува некоја апсење.

— реклама —

Немаат одговор на скандалите, веднаш прават дефокус. Нема одговор за 5 тони дрога, веднаш 100 тони запленета марихуана од Струмица. Лесни македонски перници, на овој начин 5 тони дрога била пренесена преку границата. Значи, замешани се и од царината и од полицијата и од други институции под контрола на владеачката структура и на Мицкоски. Се отвори прашањето кој од актуелните функционери во владата на Мицкоски ќе одговара. Затоа почитувани им е потребен Артан Груби.

Целта е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ. Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ. А вистината, почитувани, е дека ВМРО-ОКГ се во договор со ДУИ.

Власта го презема судството и обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО, сега е вистинско време Груби да се предаде. Кој се смее кога го апсат?“, вели Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања