Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лавров: Западот ја „извезува“ сопствената криза кон остатокот од светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
lavrov-

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека во НАТО и во Европската унија се видливи „кризни процеси“, а западните земји, според него, настојуваат сопствените проблеми да ги префрлат и врз незападните формати и здружувања.

Во своето обраќање, Лавров со иронија се повика на реплика од филмот „Сурова романса“, како алузија на логиката дека „ако не можат тие – тогаш никој нема да може“, со што ја опиша, како што тврди, доминантната позиција на западните актери во актуелните меѓународни односи.

— реклама —

Тој нагласи дека Москва забележува обиди да се ослабне Шангајската организација за соработка (ШОС) и да се намали нејзината улога во евроазиските прашања, но порача дека Русија ќе направи „сè“ таквите тенденции да не успеат.

Лавров ова го изјави на средба со генералниот секретар на ШОС, Нурлан Јермекбаев, при што потенцираше дека организацијата, според руската оценка, има значаен потенцијал за решавање предизвици во евроазискиот простор преку дијалог, конструктивни проекти и соработка во логистиката, економијата и безбедноста.

— реклама —

Според него, специфичноста на ШОС е во тоа што ги обединува безбедносните теми со трговско-економски, социјални и транспортни проекти, што, како што рече, целосно се вклопува во мандатот на организацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања