Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Лажен профил, закани и обид за изнуда – приведен 28-годишен неготинец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
policija-2457

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Ј. (28) од Неготино поради основано сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „изнуда“ во обид, информира МВР.

— реклама —

Според пријавата, осомничениот креирал лажен профил на социјална мрежа и на 2 септември 2025 испратил порака преку интернет-платформа на профилот што го користи градоначалникот на Неготино. Во пораката упатил закани кон него и неговото семејство, но и се обидел да изнуди пари.

— реклама —

Заканите продолжиле и на 4 септември, кога во три наврати, како и на 5 септември, преку друг профил му испратил текстуални пораки со закани и кон градоначалникот и неговото семејство, но и кон кандидат за градоначалник.

— реклама —

На 19 септември, М.Ј. испратил нови пораки – овојпат на службените електронски пошти на Министерството за внатрешни работи, на Општина Неготино и на новинар, со закани кон приврзаници на политичка партија во градот.

Истата вечер, М.Ј. бил лоциран и лишен од слобода од страна на полицијата. Случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 5 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 7 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 7 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања