Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
kompjuter

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период е забележано зголемување на фишинг напади, кои се изведуваат преку лажни СМС-пораки, електронска пошта, веб-страници и пораки на социјалните мрежи, со цел измама на граѓаните и злоупотреба на нивните лични и финансиски податоци.

Од МВР посочуваат дека пораките најчесто се дизајнирани така што изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како банки, државни институции или реномирани компании. Особено зачестени се лажните СМС-пораки за наводно пристигнати поштенски пратки, со кои примателите се наведуваат да кликнат на сомнителен линк или да внесат лични податоци на лажни интернет-страници, што може да резултира со дополнителни злоупотреби.

— реклама —

Според податоците на Секторот за компјутерски криминал, во текот на изминатата година се евидентирани повеќе од 50 пријави поврзани со ваков вид интернет-измами, што, како што наведуваат од МВР, укажува на сериозноста и распространетоста на проблемот.

Министерството апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при користењето на интернет, да не отвораат сомнителни линкови и пораки и никогаш да не споделуваат чувствителни лични податоци, како броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали. Дополнително, се препорачува да се проверува адресата на испраќачот, бидејќи официјалните институции и компании користат службени домени, како и да се користи двофакторска автентикација како дополнителен слој на заштита на корисничките сметки.

— реклама —

Од МВР информираат дека Секторот за компјутерски криминал и понатаму активно работи на истраги и презема мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами, при што граѓаните се повикуваат секој сомнителен обид за измама да го пријават кај надлежните институции или во својата банка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 16 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 17 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 17 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања