Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лекари од Иран за Би-Би-Си: „Убиваат млади луѓе, мртовечниците ни се преполни“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarysqlrta387mnb2FesoVl
Илустрација

Медицински работници од најмалку три болници во Иран сведочат за драматична и шокантна состојба во здравствените установи, кои се преплавени со загинати и тешко повредени демонстранти, во екот на масовните антивладини протести што ја потресуваат земјата.

Еден здравствен работник од болница во Техеран за Би-Би-Си опишува сцени што, како што вели, никогаш нема да ги заборави: директни истрели во главите и срцата на млади луѓе. Поради обемот на повредени, дел од болниците преминале во кризен режим на работа, а персоналот немал време ниту за основна реанимација.

— реклама —

„Починаа околу 38 лица. Многумина умреа веднаш штом беа донесени во ургентниот центар. Имаше директни истрели во главите и срцата на млади луѓе. Дел од нив не ни стигнаа до болница“, раскажува медицинска работничка од Техеран.

Според нејзиното сведоштво, бројот на жртви бил толку голем што мртовечницата целосно се наполнила.

— реклама —

„Телата беа редени едно врз друго. Кога немаше повеќе простор, почнаа да ги носат во просторијата за молитва. Сите беа млади – меѓу 20 и 25 години“, вели таа.

Слични информации доаѓаат и од други градови. Би-Би-Си Персијан потврди дека во болницата „Пурсина“ во градот Рашт биле донесени најмалку 70 тела. Бидејќи мртовечницата немала капацитет, телата биле однесени на други локации.

Според болнички извори, на семејствата им било побарано да платат околу 7 милијарди ирански риали (околу 6.500 евра) за да им бидат предадени телата на починатите за погреб.

Лекар кој стапил во контакт со Би-Би-Си преку сателитска врска вели дека болницата „Фараби“ во Техеран – главниот центар за очни болести – преминала во вонреден режим поради огромниот број пациенти со прострелни рани во пределот на очите.

Сите неитни прегледи и операции биле откажани, а персоналот бил пренасочен исклучиво на итни случаи.

„Видов пациент погоден во окото, а куршумот излегол од задниот дел на главата“, сведочи лекар од Техеран.

Друг медицинар од градот Кашан раскажува дека многу демонстранти биле целно погодени во очите, додека од Шираз пристигнуваат информации дека болниците немаат доволно хирурзи за да се справат со напливот на повредени.

Во еден од најпотресните настани, медицинар од Техеран раскажува дека група луѓе среде ноќ насилно влегла во здравствен центар и внатре внела човек со прострелна рана.

„Го оставија и си заминаа. Но беше предоцна – почина пред да можеме да му помогнеме“, вели тој.

Протестите започнаа пред две недели во Техеран поради економската криза и драстичниот раст на трошоците за живот, но брзо се проширија во повеќе од 100 градови низ Иран.

Организациите за човекови права известуваат за десетици убиени демонстранти и стотици приведени, додека иранските власти тврдат дека загинале и најмалку 21 припадник на безбедносните сили.

Извештаите од терен се ограничени поради речиси целосната интернет-блокада и забраната за работа на странски медиуми, меѓу кои и Би-Би-Си. Сепак, видеа што излегуваат од земјата прикажуваат масовни протести, запалени возила и владини објекти во пламен.

Иранската армија најави дека ќе им се приклучи на безбедносните сили во „заштита на јавниот имот“, а Советот за национална безбедност најави „одлучни правни мерки“ против, како што ги нарекува, „наоружани вандали“.

Според американската агенција Human Rights Activist News Agency, убиени се најмалку 51 демонстрант, меѓу кои и седум деца, а уапсени се над 2.300 лица.

Организацијата Iran Human Rights од Норвешка наведува дека меѓу жртвите има најмалку девет деца, додека Би-Би-Си Персијан досега успеал да потврди идентитети на 26 убиени лица, од кои шест деца.

Од друга страна, иранската полиција официјално тврди дека во Техеран „нема убиени лица“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања