Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Левица: „ДКСК со својот демант ја потврди сервилноста кон власта“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
antikorupcija

Т.н. демант на Државната комисија за спречување на корупцијата не само што не ги побива наводите на Левица, туку индиректно и ги потврдува. Со самото признание дека во архивата било ангажирано лице со договор за дело, поврзано со партиски блиски медиумски и универзитетски кругови, и дека институцијата функционирала со сериозни внатрешни слабости, ДКСК всушност го признава она што ние го разобличуваме, велат од политичката партија Левица.

„Со ниту еден збор не се демантира суштината, а тоа е дека во мандатот на Владата на ДПМНЕ, ДКСК не излезе со ниту еден цврст, храбар и принципиелен став за низа флагрантни случаи на непотизам, судир на интереси, незаконски именувања, сомнителни дипломи, тендерски мрежи, партиски и роднински колонизации на институциите. Напротив, Комисијата се прогласуваше за ненадлежна, ги отфрлаше пријавите, „не утврдуваше неправилности“, или ги заглавуваше предметите во фиоки - како во случајот со незаконски именуваниот началник на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, за кого и по повеќе од една година нема никаков исход, ниту пак ДКСК во својот „демант“ кажува до каде е постапката.

Дополнително, ДКСК не реагира ниту на очигледните случаи кога функционери од власта поднесуваат формално доставени, но суштински неточни и нецелосни анкетни листови, со прикриени или искривени податоци за имотната состојба. Станува збор за неправилности кои се лесно воочливи и за најшироката јавност, а не пак за институција чија основна надлежност е токму контролата на ваквите пријави. Впрочен, во неколку наврати, Левица на тацна им сервираше вакви нерегуларности, но и покрај тоа, Комисијата не презеде никакви мерки, ниту пак им наложи на функционерите да ги коригираат анкетните листови, дозволувајќи ваквите пријави да останат  „исправни“ во системот, што директно ја поткопува транспарентноста.

Фактот што Владата на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ секојдневно продуцира афери, местени тендери, партиски вработувања, кронизам, непотизам, судир на интереси, а ДКСК молчи, релативизира или „не наоѓа ништо спорно“, е најсилниот доказ за тоа на чија страна стои оваа институција и во чија полза функционира. Дали е независен антикорупциски орган, или пак институција со инсталирани, компромитирани кадри кои служат за аминување или заташкување на скандалите продуцирани од арогантноста на власта.

Левица ќе продолжи јавно да ги објавува сите информации кои пристигнуваат за случувањата во ДКСК и за улогата на поединци, меѓу кои и компромитираната членка Цвета Ристовска. Единствениот начин оваа институција да почне да функционира во интерес на граѓаните, а не на владејачката коалиција, за жал, е преку постојан притисок, разобличување и солидарност против партиско-коруптивниот октопод“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 1 ден

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања