Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Левица ќе достави фотографии до Антикорупциската комисија во предметот за „Сити Аутсорсинг“ и директорот на СОЗР, Ивица Томовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
ivica-tomovski

Антикорупциската комисија, која веќе отвори предмет за случајот со фирмата „Сити Аутсорсинг“, ќе добие нови материјали од Левица. Партијата најави дека ќе достави фотографии за кои тврди дека укажуваат на поврзаност меѓу директорот на СОЗР, Ивица Томовски, и управителот на компанијата, откако Томовски одбил да одговори дали станува збор за негов личен пријател.

Според Левица, „Сити Аутсорсинг“ добила околу 5 милиони евра државни средства преку тендери, а управителот на компанијата е лице кое на социјалните мрежи има објавено бројни фотографии со Томовски. Партијата оценува дека ова отвора прашања околу потенцијална поврзаност и улогата на управителот во фирмата, која претходно, како што наведуваат, била во сопственост на семејството на Томовски.

— реклама —

Од Левица потсетуваат и дека компанијата претходно се именувала „Сити Логистик“, а како таква добивала тендери вредни околу 60.000 евра во периодот кога сегашниот премиер Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ. Според нив, Јавното обвинителство треба да утврди како фирма во која, како што тврдат, Томовски имал управителска функција во минатото, а тендери биле доделувани од Мицкоски, денес стигнува до државни договори од 5 милиони евра.

Партијата најави дека ќе ја достави целата документација што ја поседува за случајот, оценувајќи ја компанијата како „контроверзна“ и дека, според нив, постои сомневање за злоупотреби на државни средства. Левица критикува дека ОЈО не отвора постапки поврзани со компании во кои, како што наведуваат, се инволвирани лица блиски до премиерот, што го толкуваат како индикатор на политичко влијание врз правосудството.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 1 ден

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања