Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица: Клиничките центри остануваат руинирани - ребалансот предвидува тројно намален буџет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-7410PM

,,Новата влада предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ на самиот старт ја обезвредни здравствената дејност! Трикратно намалување на буџетските средства за изградба на државните Клинички центри и болници низ Македонија со новиот ребаланс на буџетот. Од прв ден докажа дека нема цели и соодветни приоритети за зајакнување на капацитетите на јавното здравство, како и унапредување на пристапот до здравствена заштита како важен елемент во еден државен систем.

— реклама —

Имено, предвидено е трикратно намалување на средствата за доизградбата на Клиничкиот центар во Штип, како и за нов Клинички центар во Скопје, иако во предизборната кампања, ДПМНЕ како приоритет на новата Влада ја промовираше доградбата на Клинички центар во Штип и изградба на нов Клинички центар во Скопје.

— реклама —

Средствата за доизградба на Клиничкиот центар во Штип и нов Клинички центар во Скопје се намалени од 2,5 милиони евра на само 880 илјади евра;

— реклама —

Од 2 милиони евра, намалување на 780 илјади евра има и за Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ - Охрид и Клиниката за хирургија во Скопје;

Од 800 илјади евра, сега само 29 илјади евра има и за ЈЗУ Општа болница во Кичево.

Политиката на кратење на средства од јавното здравство укажува на фактот дека намерата на новата власт е да продолжи со руинирање на јавното здравство. Продолжува политиката на Венко Филипче и Фатмир Меџити кои на штета на јавното здравство граѓаните ги фрлија во канџите на приватните болници, коишто своите услуги ги наплаќаат десеткратно повисоко во однос на државните болници.

Министерот за здравство, Таравари, на прес конференција децидно посочи дека нема покачување на платите за здравствените работници до крајот на годинава поради буџетскиот дефицит. Но за огромниот број на работници во јавниот сектор, oд кои голем дел не се појавуваат на работното место, власта одвои 723 милиони евра.

Левица ја осудува оваа неразумна одлука за измена на висината на буџетските средства насочени кон јавното здравство.

Како партија се залагаме за зголемени инвестиции во сите сегменти на јавното здравство. Држава мора да изнајде механизми, средства и решенија со кои на најголемиот дел од граѓаните во Македонија ќе им биде достапно бесплатно јавно здравство со врвни професионални здравствени услуги, почнувајќи од здравствените домови, па се до клиничките центри!“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 18 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања