Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица: Со поддршката на Гаши, Мицкоски го поттикнува неговото дивеење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6195

,,Најавата за еднаквост пред законите од партиите на власт е претворена во фарса пред варварското поведение од претседателот на Собранието, Африм Гаши. Најавата на Мицкоски дека ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата е само поддршка за газењето на Уставот, кршењето на законите и злоупотребите на деловникот од страна на собранискиот спикер, кому сето ова му „успеа“ за пократко од 100 дена.

— реклама —

Збеснатиот Гаши смогна сили и непосредно по поднесувањето на интерпелацијата да направи нов скандал, одејки со службено возило и собраниско обезбедување на свадба во друга држава - дејствие проследено со блокирање на границата и овозможување нелегален нејзин премин од други возила; скандал, не помал од оној кога неговото обезбедување вадеше пиштол на полициски службеник.

— реклама —

Децидни сме дека Африм Гаши нема ниту углед, ниту интегритет да ја врши функцијата претседател на Собранието и заради тоа бараме поддршка за интерпелацијата во седум точки:

— реклама —

1. Повреда на секуларноста на државата;

2. Повреда на дипломатските правила за обезбедување на ВИП - личности;

3. Повреда на употребата на македонскиот јазик;

4. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии;

5. Повреда на начелото на инкомпатибилност на функциите;

6. Повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам;

7. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците!

Сметаме дека доволно е срушен угледот на државата за да се толерира овој варваризам! Повторуваме и потсетуваме дека стоиме на располагање и даваме бланко - поддршка на пратениците од ДПМНЕ за смена на Претседателот на Собранието и избор на нов собраниски спикер од нивната пратеничка група.

Левица уште еднаш ги повикува пратениците на ДПМНЕ да престанат да ги штитат антидржавните и косовски елементи во сопствената коалиција и Влада, кои непрекинато ги ништат угледот и достоинството на државата.”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 18 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања