Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Левица: „Запирање на имигрантските визи од САД - стратешки шамар за домашните вазали“ 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarykek3pk288lge2303SPX

Партијата Левица ја обвини Владата дека со својот, како што наведуваат, вазалски однос кон САД директно придонела за одлуката да се запре постапката за издавање имигрантски визи за македонските граѓани.

Во соопштението, партијата тврди дека актуелната власт со години градела илузија за наводно „стратешко партнерство“ со Вашингтон, но дека реалноста покажала отсуство на каква било вистинска поддршка. Според Левица, надворешната политика на Владата се свела на симболични средби и фотографии со американски функционери без влијание врз клучните одлуки.

— реклама —

Партијата потсетува дека на запирањето на визите му претходело воведување трговски маржи и царини од страна на САД, по што Владата, како што се наведува, „во немоќ и коленичење“ одлучила целосно да ги укине царините кон американските производи.

Левица ја критикува и серијата надворешнополитички потези на власта – гласањето против укинувањето на санкциите кон Куба, поддршката на американските резолуции за Украина и ставовите околу Венецуела – оценувајќи дека тие го нарушуваат угледот на Македонија без да донесат каква било корист.

— реклама —

„Мицкоски и Муцунски не можат да научат дека вазалскиот однос кон САД не е и не може да биде стратешко партнерство“, се наведува во соопштението.

Според Левица, ваквата политика ја внесува државата во „стратешки ќорсокак“, а излезот го гледаат во промена на надворешнополитичкиот курс и отворање кон други глобални партнери. Партијата заклучува дека актуелната власт нема капацитет за таков пресврт и дека последиците ги трпат граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 22 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања