Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Лицемерието на Мицкоски пуштено на најсилно“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
ahmeti-mickoski

„Нема крај на лицемерието на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, вели СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски година и пол блокираа заем од Светска Банка за обезбедување средства за општините.

Преку незакажување на седница, тогашниот претседател на Комисијата за финансирање и буџет Тимчо Муцунски, а сегашен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ им нанесуваше штета на општините доминантно предводени од градоначалници од СДСМ.

— реклама —

Денес Мицкоски кој постојано зборува против задолжувања, бара да биде доставен и изгласан во Собранието заемот од Светска банка за финансирање проекти во општините кои сега се доминантно предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е тешко лицемерие со кое Мицкоски сака да ги прикрие неработењето и партизацијата на општините.

Граѓаните да бидат спокојни, пратениците од владејачкото мнозинство ќе го усвојат законот за задолжување од Светска банка, затоа што важно е да се инвестира во капитални проекти, особено во време на најголема светска економска криза.

Досега во првите шест месеци од мандатот градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо освен што се фалеа со започнати проекти од поранешни градоначалници од СДСМ. Сега бараат за да се сликаат со пари обезбедени од Владата од проектот за поврзување на локални патишта.

На крајот на денот, остануваат деструктивноста и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои без срам ја блокираат работата на Собранието, ја критикуваат работата на Владата, а потоа бараат пари од неа“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања