Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Лидерска средба на 14 јануари: Левица прифаќа, СДСМ одбива, ДУИ ќе одлучува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Пратеникот Амар Мециновиќ денеска соопшти дека Левица ќе учествува на најавената меѓупартиска лидерска средба што ја иницираше премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

На прес-конференција, Мециновиќ истакна дека партијата, како парламентарен субјект, подолг период настојува да воспостави комуникација со парламентарното мнозинство преку законски предлози и барање консензус за клучни државни прашања, оценувајќи дека сега е моментот за влез во суштински и конструктивен дијалог. Според него, приоритет за Левица е создавање демократска и фер атмосфера за време на изборниот процес, а во таа насока ќе бидат насочени и нивните барања.

— реклама —

Иницијативата за лидерска средба доаѓа од премиерот Мицкоски, кој најави отворање разговори за укинување на т.н. „Пржинска влада“, модел воведен пред десет години, како и за други системски прашања. Од владината служба за односи со јавноста претходно информираа дека поканите се во фаза на испраќање и ќе бидат доставени до сите партии со пратеничка група во Собрание на Република Македонија.

— реклама —

Премиерот минатата седмица најави дека средбата е планирана за 14 јануари и треба да се одржи во Клубот на пратениците.

Иницијативата, сепак, се соочува со различни реакции во политичкиот блок. СДСМ најави дека нема да учествува на средбата, при што партискиот лидер Венко Филипче изјави дека „средба со криминалци нема да има“. Од ДУИ соопштија дека својот став ќе го соопштат откако официјално ќе ја добијат поканата.

Левица, пак, повтори дека се залага за укинување на техничката влада, но под услов тоа да биде проследено со реални, а не само декларативни демократски реформи, како и со воведување на една изборна единица, што, според партијата, би обезбедило пофер и порепрезентативен изборен систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 14 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања