Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лихвари паднаа во рацете на државата, осум лица им враќале камати во висина до 300%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
pari

Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд во Неготино достави Обвинителен предлог против три лица за продолжени кривични дела – Лихварство и Самовластие, како и против мајката на еден од обвинетите која им помогнала да ги прикријат кривичните дела.

Двајца 24-годишници од Неготино, во временскиот период од почетокот на 2019 година до 12.08.2021 година, по заеднички договор и со заеднички вложени средства и поделба на добивка, неовластено се занимавале со давање пари на заем со писмени и устни договори, притоа договарајќи и остварувајќи несразмерна имотна корист за себе.

— реклама —

Во наведениот период тие на тој начин оштетиле најмалку осум лица, на кои им позајмувале парични средства со обврска долгот да го враќаат со камата која се движела до 300% на годишно ниво.

Во повеќе наврати, искористувајќи исти прилики и со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападнат врз животот на оштетените, обвинетите преземале дејствија со намера самовласно да прибават право кое сметале дека им припаѓа по основ на каматите за дадените позајмици. Во тоа им помагал и третообвинетиот на возраст од 22 години. До оштетените испраќале пораки со сериозни закани по живот, им се заканувале со пиштол, вршеле физичко насилство и на друг начин се обидувале да ги принудат да ги вратат позајмиците. Третиот обвинет ја искористил и приликата што вршел превоз на патници со комбе за Германија, па ги фотокопирал нивните лични карти кои понатаму ги ставал на располагање на двајцата првообвинети за да обезбедат телефонски броеви со лажни имиња преку кои ги упатувале заканите до оштетените.

— реклама —

Четвртата обвинета, мајка на еден од првообвинетите, се обидела да ги прикрие парите за кои знаела дека се прибавени со кривично дело – Лихварство. На 13 август 2021 година, по извршен претрес во нивниот дом и лишување на нејзиниот син од слобода, обвинетата веднаш отишла во банка и од сметката на синот ги подигнала сите пари.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 16 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 17 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 17 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања