Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Љупчо Коцевски и официјално замина: Собранието ја констатираше оставката на државниот јавен обвинител, следеа реакции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarydnaj2jgttf7d8Y1D3nc

Љупчо Коцевски и официјално повеќе не е државен јавен обвинител, откако Собранието на Република Северна Македонија ја констатираше неговата оставка и го утврди престанокот на функцијата.

Собранискиот спикер Африм Гаши информираше дека поради поднесената оставка, пратениците нема да го разгледуваат предлогот за негово разрешување, кој претходно беше ставен на дневен ред.

— реклама —

„Собранието на Македонија му го утврди престанокот на функцијата јавен обвинител на Македонија. Ве известувам дека Собранието нема да го разгледа предлогот за негово разрешување“, изјави Гаши од собраниската говорница.

По оваа одлука следуваа реакции од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката Дафина Стојановска оцени дека повлекувањето на Коцевски пред собраниската расправа претставува признавање на причините наведени во иницијативата за негово разрешување.

— реклама —

„Избегнување на соочување со Собранието е признание на причините за негово разрешување“, напиша Стојановска на социјалните мрежи.

Со сличен став излезе и пратеникот Антонијо Милошоски, кој посочи дека тајмингот на оставката не е случаен.

„Обвинителот Коцевски си поднесе оставка уште пред да започне расправата во Собранието. Ова може да се смета и како негово прифаќање на наодите од предлогот за негово разрешување“, напиша Милошоски.

Со констатирањето на оставката, завршува мандатот на Љупчо Коцевски како државен јавен обвинител, а во наредниот период се очекува да започне постапка за избор на негов наследник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 1 ден

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања