Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Лукаревска: Работниците извисија, нема покачување на платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
lukarevska

Ребалансот на Буџетот скроен од ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за работниците и не предвидува почитување на колективните договори договори. Тие за ВМРО-ДПМНЕ се неважни.

— реклама —

Ова го истакна пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска која на денешната прес-конференција направи анализа на ребалансот на Буџетот презентиран вчера од страна на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска

— реклама —

„Една од најдобрите политики на СДСМ која седум години во време на економско цунами, СДСМ доследно ја спроведуваше - ВМРО-ДПМНЕ ја фрла во вода“, изјави Лукаревска.

— реклама —

Покрај тоа, како што потенцира таа, ВМРО-ДПМНЕ прави манипулација на работниците повторувајќи дека немало пари во буџетот, но дека „и покрај тешката состојба они ќе обезбеделе плати“ . Лукаревска ги повика работниците да не потклекнат на ваквите злоупотреби.

„Замислете, ВМРО-ДПМНЕ им ветува на луѓето дека загарантираната плата, која никогаш во последните седум години не била доведена до прашање, тие ќе има ја обезбеделе. Какво потценување и манипулирање“, потенцира Лукаревска.

Единствена причина зошто ова го прави ВМРО-ДПМНЕ е да ги натера работниците да се помират дека покачување на плати нема да има и да бидат среќни што воопшто земале плата, смета Лукаревска.

„Не само што нема проблем да се обезбеди плата, туку да беше СДСМ на власт, во првите 100 дена ќе беше покачена минималната плата и ќе беа исплатени сите плати со покачување согласно потпишаните колективни договори“, изјави Лукаревска.

За СДСМ секогаш приоритет беа граѓаните и работниците, што не е случај со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што нема пари не е поради Буџетот, туку поради другите приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Лукаревска.

Осврнувајќи се конкретно на обвинувањата дека во Буџетот немало предвидено плати за одредени институции Лукаревска појасни дека тоа е поради изборниот процес и превенирањето на изборен поткуп.

„Парите не се предвидени затоа што бевме во изборен процес и не сакавме да направиме изборен поткуп како што тоа се правеше во минатото од страна на политичкиот опонент. Во секој ребаланс после избори е нормално да се прераспределат средства, а плати за вработени во јавен сектор никогаш не се доведуваат во прашање“ појасни Лукаревска.

Или конкретно, за да се разобличат манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ Лукаревска постави дилема како со ребалансот ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди плати.

„За да докажеме дека не ја зборуваат вистината, одете во расходната страна на Министерството за транспорт кое е ресорно министерство на железници и пошта. Институциите за кои велат дека немало да земат плата. И нека објаснат, како со намалување за 100% на буџетот предвиден со ребалансот ќе одговори на потребите на работниците. Намален е буџетот тука од 18 на 9 милијарди ама плати ќе се обезбеделе“, потенцира Лукаревска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 19 минути

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 час

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 4 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања