Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Макрон и се обрати на нацијата: Париз ја засилува воената присутност по ескалацијата на Блискиот Исток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library607i740ijcjg51heXED

Франција го испраќа својот единствен носач на авиони „Шарл де Гол“ во источниот Медитеран поради продлабочувањето на безбедносната криза во регионот. Одлуката ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон во кратко обраќање до нацијата.

Макрон посочи дека Франција има одбранбени договори со Обединети Арапски Емирати, Кувајт и Катар, држави кои во последните денови беа цел на ирански напади.

— реклама —

„Франција ќе застане покрај своите партнери“, нагласи тој.

Францускиот претседател потврди и дека е договорено испраќање дополнителни системи за противвоздушна одбрана на Кипар, додека француска фрегата се очекува да пристигне пред кипарскиот брег уште вечерва.

— реклама —

„Се координираме со нашите европски сојузници и партнери за да ја обезбедиме безбедноста на источниот Медитеран“, изјави Макрон.

Тој додаде дека се согласува со лидерите на Германија и Обединето Кралство дека е потребно брзо решение на конфликтот со Иран, изразувајќи надеж дека иранскиот народ ќе може сам да одлучи за иднината на својата земја.

Макрон информираше и дека француската армија ги засилува мерките за заштита на националните интереси во регионот и ја зголемува безбедноста на дипломатските претставништва. Според него, во регионот моментално се наоѓаат околу 400.000 француски државјани, а во тек се и летови за нивна репатријација, при што два авиона се очекува да слетаат во Париз уште вечерва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања