Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Макрон: Путин не бара мир, туку капитулација на Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
makron

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека целта на средбата во понеделник во Вашингтон, меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски, е претставување на заеднички фронт на Украина и европските сојузници.

— реклама —

„Ако денеска покажеме слабост пред Русија, всушност поставуваме основа за идни конфликти“, рече Макрон по видеоконференцијата на Коалицијата на волни, каде што западните сојузници на Киев повторија дека се залагаат за траен мир и почитување на територијалниот интегритет на Украина.

— реклама —

Францускиот претседател нагласи дека нема да има разговори за украинските територии без учество на Украина, ниту пак може да се зборува за безбедноста на Европа без самите Европејци. Тој побара Украина и европските лидери да бидат директно вклучени во сите идни мировни самити.

— реклама —

„Утре одиме во Вашингтон не само да го следиме претседателот Зеленски, туку и да ги браниме интересите на Европејците“, додаде Макрон.

Во однос на Русија, Макрон беше јасен: „Мислите ли дека претседателот Путин сака мир? Ако ме прашувате мене – не. Тој сака капитулација на Украина. Тоа е она што го предложи“.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека заедничкиот настап на Европа и САД е клучен за одржлив мир.

„Ако не се договори прекин на огнот, ЕУ и САД мора да го зголемат притисокот врз Русија“, напиша Кошта на платформата Х.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 10 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 12 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 15 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања