Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Малолетник натепан па удрен со возило во Сарај, скопјанец пријавил обљуба врз неговата ќерка, маж претепан од жена - низа инциденти пријавени во МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB
Скопје1.мк

Во изминатите два дена, во Секторот за внатрешни работи – Скопје биле пријавени повеќе случаи на насилство и кривични дела, меѓу кои семејно насилство, обљуба на малолетничка и физички напади на различни локации низ градот.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 54-годишен скопјанец пријавил дека на 9 октомври вечерта бил физички нападнат во својот семеен дом од сопругата, на возраст од 53 години, која употребила различни предмети при нападот. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

Во друг случај, 46-годишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува кривична пријава.

— реклама —

Околу 2:10 часот утрово, 24-годишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат пред ноќен клуб во центарот на градот. Напаѓачот, според пријавата, бил едно лице чии идентитет и мотиви се предмет на истрага.

Дополнително, малолетник од село Сарај пријавил дека бил физички нападнат пред средно училиште во општината од 18-годишен жител на Глумово и уште едно лице, при што еден од нив користел тврд предмет. Подоцна, според пријавата, истите лица со патничко возило „Сеат Леон“ го удриле малолетникот пред трговски центар во Сарај.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сите случаи се преземаат мерки за нивно целосно расчистување и санкционирање на сторителите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypou2rd2qm2tv74ME7sP

Денес во Скопје: Посебен сообраќаен режим поради посетата на Милатовиќ

Скопје | пред 1 час

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 17 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 18 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања