На 16.04.2024 во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(46) од Тетово, по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ш.С.(45) од Тетово. Возилото било пронајденo и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил и друго возило
Поврзани содржини
Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица
Македонија | пред 10 часа
На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра
Македонија | пред 12 часа
Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило
Македонија | пред 12 часа
Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп
Македонија | пред 15 часа