Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Манасиевски: Левица призна дека податоците се точни, Мојсоска како сметководител делувала противзаконски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
jovana-mojsoska

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изјави дека Левица индиректно признала дека податоците кои излегоа во јавноста за финансиското работење на партијата се точни, и посочи дека Јована Мојсоска како пратеник не смеела да врши сметководствени услуги.

„Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точни. Вчера на прес-конференција се излетаа и потврдија дека информациите кои ги добивме од свиркачи во Левица за средствата што раководството си ги подигнувало од партиската сметка се вистинити. Денес сакаме да ја прашаме Јована Мојсоска, која исто така призна дека била сметководител на Левица, дали знае дека доколку тоа е вистина, се работи за противзаконски акт,“ рече Манасиевски.

— реклама —

Тој се повика и на одредбите од Законот за пратеници, каде јасно е наведено дека функцијата пратеник е професионална и неспојлива со други јавни функции или дејности со профитна цел.

„Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица,“ додаде тој.

— реклама —

Според Манасиевски, Левица и Мојсоска „пред јавноста продаваат приказни за чесност и скромност, а зад завесата инкасирале пари од партиска сметка која се полни од Буџетот на граѓаните“.

„Ова е вистината од која Левица бега. Вакви луѓе како Мојсоска и Левица не смеат да бидат дел од иднината и нема место за нив во политиката. Мојсоска и Левица се прочитани,“ изјави Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 22 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања