Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Манасиевски: Ново сведоштво за политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ, разрешен судија поради неусогласеност со СДС и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library840uca8f32jr6FayOEs


Ново сведоштво за притисоците и уцените на власта предводена од СДС и ДУИ кон правосудството, како и ново сведоштво за политичкиот прогон кој се водеше кон поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостување на поткаст на една од социјалните мрежи, сведочи дека откако одбил да донесе мислење за одреден случај како тогашен судија, за кој според него немало никаква основа да се донесе позитивно мислење, утредента поради непостапувањето бил разрешен.

Имено, станува збор за случајот во кој поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за која според Катевеновски била осудена поради политички причини, а не правни последици.

Катевеновски вели дека во 2019 година, го добил случајот од поранешното СЈО, за кој требал да даде мислење, но како што вели тој немало никаква правна можност, ниту пак некакво кривично дело за да даде позитивно мислење за случајот.

Откако тој оставил време да се разговара за судскиот случај со колегите, затоа што не сакал да избрза со одлуката, на него не му останало многу време, туку веќе утредента Судскиот совет го разрешува Катевеновски.

Тој за неговото разрешување ја посочува директно тогашната влада на СДС и ДУИ.

Почитувани граѓани,

Секојдневно се зголемува бројот на луѓе кои сведочат за притисоците кон правосудството во Македонија. По Лејла Кадриу, сега и поранешен Врховен судија отворено говори за начинот на кој СДС и ДУИ, на чело со Зоран Заев и Али Ахмети, раководеа со државата.

Закани, уцени и притисоци. Ако си против нив - или те разрешуваат или те пикаат во затвор. Ова не смее да продолжи, реформите продолжуваат, а одговорност ќе има“, вели Манасиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5p1ne36l4dbvfnx11c5

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 4 дена

media-librarycve45r9fs14tckKkEST

Манасиевски: По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Заев – Башановиќ во Грција

Македонија | пред 5 дена

media-libraryuo6e2atnin10cjJARvv

Манасиевски: СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ, со молкот само ги потврдуваат нашите тези за нивната поврзаност

Македонија | пред 6 дена

media-library3v70ro9tgest41slTLJ

Манасиевски: СДС да одговори, дали 1,5 милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања