Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library61rg90bqrgoje2dwjgd

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, упати остри критики кон раководството на СДС, обвинувајќи го претседателот на партијата Венко Филипче дека нема фокус на реформите и напредокот, туку на спроведување на, како што рече, „плановите што му ги диктира Зоран Заев“.

Манасиевски оцени дека, според него, „дуото Филипче–Заев“ не се откажувало од контролата врз партијата, дури и по цена на нејзино нарушување.

— реклама —

„Заев сè уште ги држи конците во СДС, а Филипче возвраќа на секој негов потег,“ изјави Манасиевски.

Тој истакна дека изборот на Александар Трајановски за потпретседател на СДС не бил резултат на неговите квалитети, туку на неговата лојалност кон сегашното раководство.
„Трајановски е лојален човек на Филипче и Заев. Со оваа одлука, Заев уште еднаш ја потврдува својата позиција како претседател од сенка,“ нагласи Манасиевски.

— реклама —

Според него, граѓаните не очекувале ништо од актуелното раководство на СДС, а за да постои силна, кредибилна и одговорна опозиција, потребни биле темелни и итни реформи.

„Реформите мора да започнат со оставка на Филипче,“ порача Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања