Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Манасиевски со остар одговор до СДС: „Повикот за Ковеши е политичка иронија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryh4johjmsbii9c1d3GAh

Валентин Манасиевски од ВМРО–ДПМНЕ денеска реагираше на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој побара европската обвинителка Лаура Ковеши да се ангажира во истражување на наводни злоупотреби со европски средства поврзани со опозициската партија.

Манасиевски оцени дека е „најиронично“ токму Филипче и СДСМ да зборуваат за борба против криминал и корупција. Во обраќањето, тој наведе повеќе имиња од СДСМ за кои, според него, постојат прашања во врска со злоупотреби, додавајќи дека „главниот извор на криминал во државата“ се структури поврзани со таа партија.

— реклама —

Во изјавата се наведува и дека реакциите на СДСМ, како што вели Манасиевски, се обид да се релативизираат сопствените слабости преку политички напади и префрлање вина. Тој оцени дека говорењето за антикорупциски тим од страна на СДСМ е „потценување на јавноста“ и „обид да се избрише сликата за корупцискиот багаж“ што, според него, е поврзан со поранешни и сегашни функционери на партијата.

Манасиевски тврдеше и дека СДСМ нема кредибилитет да отвора прашања за корупцијата и дека повикувањето на Ковеши претставува „политичка манипулација“. Тој го опиша овој настап на СДСМ како „политичко харакири“ и порача дека, според него, граѓаните препознаваат кој има одговорност за коруптивните практики во државата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1vlept802nt58DpEC4b

Манасиевски: Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање опозициски фронт, Заев и Башановиќ со директни насоки и упатства

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryh0oo2gq3vu7sdzaVYIE

Манасиевски: Честит 1 април - денот на Филипче и СДС 

Македонија | пред 3 седмици

media-library5p1ne36l4dbvfnx11c5

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycve45r9fs14tckKkEST

Манасиевски: По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Заев – Башановиќ во Грција

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања