Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Манасиевски: Трагедијата во модуларната болница во Тетово, можела да биде спречена ако Филипче бил чесен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryca48c8e82vr6c0HOhzQ


Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која згаснаа 14 животи, можела да биде спречена ако Филипче бил чесен и доколку не го интересирале провизии, анекси и тендери, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

„Трагедијата би била спречена доколку Филипче имал подготвено елаборат за електрична енергија, но и доколку техничката спецификација била како што треба, а истата ја прави одговорното лице назначено токму од Венко Филипче, по негова насока, каде што подоцна се констатира, дека не е во согласност со ниту еден стандард за изградба на објекти од областа на здравството. Не се почитувале Законот за градење и Законот за здравствена дејност. Дополнително, не се почитувале ниту минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.

Филипче и Заев си го сменија и Законот за градење за модуларните болници да ги стават во категоријата урбана опрема и на овој начин да ги заобиколат контролите. Згора на се биле потрошени 300.000 евра од вкупно 30 милиони. Или, 1% од 100%. Каде отишле останатите 99% од парите нема одговор.

Да потсетиме, за оваа трагедија осудени беа периферни ликови, а Филипче кој е единствениот потписник на модуларните болници не е повикан ниту на информативен разговор од надлежните органи.

Истовремено, во време на Филипче сведочевме на обиди за набавки на вакцини од фирма која продава манго и ананас, сведочевме на давање физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија. Сведочевме и на милионски тендери во здравството, за кои до денес нема јасни одговори, кој профитирал и каде завршиле парите на граѓаните?

Почитувани граѓани, Филипче е симбол на систем во кој политиката е над законот, а партиските интереси пред животите на граѓаните. Оние што треба да го гонат - шуруваат со него. Ова говори за потчинетоста на мала група судии и обвинители кон Филипче и неговиот ментор Заев.

Ние нема да дозволиме вистината да се заташка. Ќе бараме целосна истрага и одговорност за секој што придонел за оваа трагедија и за сите сомнителни зделки во здравството“, додава тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5p1ne36l4dbvfnx11c5

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 4 дена

media-librarycve45r9fs14tckKkEST

Манасиевски: По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Заев – Башановиќ во Грција

Македонија | пред 5 дена

media-libraryuo6e2atnin10cjJARvv

Манасиевски: СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ, со молкот само ги потврдуваат нашите тези за нивната поврзаност

Македонија | пред 6 дена

media-library3v70ro9tgest41slTLJ

Манасиевски: СДС да одговори, дали 1,5 милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања