Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Манасиевски: Уставната судијка Кацарска сака да им го одземе зголемувањето од 7000 денари на пензионерите, а бара зголемување на сопствената плата, од СДС молк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarykg5esuk3ur2h3JN8VZM

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска остро реагираше на барањето на уставната судијка Добрила Кацарска за укинување на последното покачување на пензиите.

— реклама —

„Уставната судијка Добрила Кацарска, која преку ноќ стана дел од Уставниот суд со поддршка на СДС, сега, поради нејзините пресуди за 27 април, бара да се укине зголемувањето од 7.000 денари на пензиите, додека истовремено инсистира на зголемување на нејзината плата за околу 100.000 денари“, истакна Манасиевски.

— реклама —

Тој додаде дека поединци од судството и обвинителството, блиски до структурите на СДС и без кредибилитет или легитимитет, јавно бараат енормни зголемувања на платите, додека граѓаните и пензионерите се соочуваат со намалување на своите примања.

— реклама —

„СДС, кои ја крахираа економијата и го контаминираа судството со свои кадри, сега на безобразен и срамен начин, преку Кацарска, се обидуваат да им ги одземат парите на пензионерите“, рече Манасиевски.

Според него, додека во времето на СДС пензионерите добивале само 150 денари покачување, нивните инфилтрирани кадри во судството сега бараат европски плати со доверба од едвај 2%, а притоа предлагаат кратење на пензиите.

Манасиевски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се грижи за граѓаните и да го подигнува животниот стандард. „Сè додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, економијата ќе расте, а со тоа и пензиите и платите. Бараме од СДС јавно да се огради од барањата на Кацарска за поништување на зголемувањето на пензиите“, заклучи тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 14 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 18 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 18 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања