Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мециновиќ: Одбраната на Гаши е еклатантен пример за снобизам и отуѓена елита

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6416

,,Од одбраната на Африм Гаши до сите ваши излагања, сè што видовме е еден еклантантен пример на снобизам на отуѓена елита", истакна пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на собраниската седница.

— реклама —

- Ова придонесува Левица да има успех! Не нешто друго. Затоа што вие со вашите постапки ни отворате врата за успех. Овој снобизам гласачите го казнуваат, така што овој феномен на популистички партии се вели дека е бунт на гласачите против естаблишментот, кои за да ја оправдаат својата перпетуална владејачка позиција, сметаат дека нивните редефинцијали, нивната моќ и нивните пари се добиени по заслуга. И тука лежи проблемот - образложи Мециновиќ.

— реклама —

Според излагањето на Мециновиќ, власта смета дека повредата на Уставот, повредата на политичката волја на граѓаните не е толку проблем.

— реклама —

- Вие, вашата партија, Африм Гаши, јас, ти, сме заслужиле да бидеме тука. Вие, навистина, верувате дека сте најспособните! И затоа работничката класа се чувствува маргинализирано во овој момент и затоа дава сè повеќе поддршка на популистички движења - додаде Мециновиќ.

Во своето обраќање на собраниската говорница, Амар Мециновиќ направи едно сиже, со кое, всушност, ги разгледа неоснованите аргументи на власта што се против интерпелацијата.

- На оваа седница најмногу се фативме за етикетите кои вие ги расфрлавте: расисти, нацисти, неонацисти, национал-социјалисти, фашисти итн. Тоа не е само од оваа седница, тоа е ваш наратив со години кој не ви функционира со години. Тоа што на вам ви пречи е тоа за што немате одговор! Прво, затоа што сте анахрони политичари. Второ, затоа што сте некомпетентни да одговорите на модерен популизам! Тогаш во бунило пробувате да се снајдете со други етикети, кои ќе ја донесат дебатата во ваша полза - заокружи Мециновиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 18 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања