На денешната седница за опозициски пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна зошто министерот Муцунски не е присутен на пратенички прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на кровот на Министерството за надворешни работи.
„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има." - истакна Мециновиќ.
Пратеникот од Левица дополна дека ова првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.
На крајот, Мециновиќ се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Тој ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.
„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?" - праша пратеникот од Левица.
Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 3 месеци -
Македонија
Поврзани содржини
Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови
Македонија | пред 15 часа
Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат
Македонија | пред 4 дена
На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден
Македонија | пред 6 дена
Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?
Македонија | пред 1 седмица