Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Медведев со жесток одговор на Трамп: Застана на страна на полудената Европа, тргнаа во отворена војна со Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
putin-medvedev

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, остро реагираше по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе нови санкции кон руските нафтени гиганти „Лукоил“ и „Роснефт“, оценувајќи дека тоа претставува „чин на војна против Русија“.

— реклама —

„Ако некој сè уште имал илузии – еве ви доказ. Соединетите Држави се нашиот непријател, а нивниот зборлест ‘миротворец’ сега целосно тргна по патот на војна со Русија“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм.

— реклама —

Тој истакна дека иако Трамп формално не учествува во борбите, „ова веќе е негов конфликт, а не на сенилниот Бајден“, додавајќи дека објаснувањата за притисоци во Конгресот „не ја менуваат суштината – донесените одлуки се чин на војна“.

— реклама —

„Сега Трамп целосно застана на страната на полудената Европа“, рече Медведев, додавајќи дека ваквиот развој на настаните, според него, ѝ дава на Русија „поголема слобода да ги уништува непријателите на терен, без бесмислени преговори и компромиси“.

Новите американски санкции, првпат воведени во вториот мандат на Трамп, ги таргетираат две најголеми руски нафтени компании и нивните подружници, со цел да се намали финансирањето на руската воена машинерија.

„Со оглед на одбивањето на претседателот Путин да стави крај на овој бесмислен војна, Министерството воведува санкции против ‘Лукоил’ и ‘Роснефт’, кои го полнат буџетот на Кремљ“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи дека Вашингтон ги повикува сојузниците да се приклучат на новите мерки.

Аналитичарите оценуваат дека потегот на Трамп претставува значителен заокрет во неговата дотогашна политика кон Москва, бидејќи досега се воздржуваше од санкции поврзани со војната во Украина и се концентрираше главно на трговски мерки против други држави кои купуваат руска нафта, како Индија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 17 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 19 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 22 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања