Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Медведев: Украина е претворена во „топовско месо“ поради англосаксонската политика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
putin-medvedev

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и лидер на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека украинскиот народ, според него, станал „топовско месо“ за европската цивилизација како резултат на политиките и влијанието на англосаксонските држави.

Во авторски текст објавен во рускиот магазин „Родина“, под наслов „Како англосаксонците го негуваа украинскиот национализам по Втората светска војна“, Медведев наведува дека современа Украина, наместо придобивки, добила улога на жртва во пошироки геополитички процеси. Тој тврди дека украинското општество било претворено во заложник на, како што го нарекува, „култот на смртта“, кој се манифестира преку, според него, лажни историски наративи, величање на садизмот и глорификација на воени злосторници.

— реклама —

Особено остар беше во однос на интерпретацијата на Холодоморот, за кој изјави дека претставува една од „главните политички пропагандни измами“ на 20. и 21. век. Медведев оцени дека овој наратив, според неговите зборови, има корени во Соединетите Американски Држави и бил користен како средство за политички притисок и идеолошка мобилизација против Русија.

Изјавите на Медведев доаѓаат во период на засилена реторика меѓу Москва и Западот околу војната во Украина и историските интерпретации поврзани со односите меѓу двете земји. Неговите ставови предизвикаа реакции во јавноста, особено поради негирањето или релативизирањето на Холодоморот, кој Украина и голем дел од меѓународната заедница го признаваат како геноцид.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања