Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Мицкоски дома прави блокада на Собранието, а надвор предавство на државните интереси“, децидна е власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
2-2

„Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивно, антидржавно и антинародно однесување“, велат од СДСМ.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

По налог на Мицкоски пратениците во Собранието блокираат се што е во интерес на граѓаните и државата.

— реклама —

Десетици важни закони се блокирани со месеци во Собранието заради личните интереси и хирови на Мицкоски.

И додека дома блокира и глуми патриот, Мицкоски надвор ги поткопува државните интереси и врши предавство.

Европската народна партија каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија.

Мицкоски кој беше дел од Конгресот каде се усвои Резолуцијата молчи и неодговора дали ја поддржал резолуцијата и кој бил неговиот став по однос на тоа прашање.

Со немањето став по резолуцијата, Мицкоски ја поткопа државната позиција во процесот со Бугарија, нанесувајќи штета на националните интереси.

Освен да блокира важни процеси, да носи штета врз државата и да брани криминал, Мицкоски нема никаква друга агенда, уште еднаш самиот се потврдува како најнеодговорен политичар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања