Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски најави можност за смена на државниот обвинител: Јавноста не е задоволна од неговата работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
kocevski-1

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма изјави дека е незадоволен од работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, нагласувајќи дека истото чувство го дели и јавноста. Тој рече дека, поради тоа, логичен след на настаните би бил неговата смена.

— реклама —

„Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека „најголемиот дел од граѓаните, акламативно, мислат дека Коцевски не си ја врши својата работа доволно добро“, иако, како што посочи, буџетот кој го добива Обвинителството е поголем од оној што го имаат дури 75% од земјите членки на Европската Унија.

— реклама —

„Ако е политичката цена да ја платам и да бидам повторно дел од извештај во кој ќе бидам критикуван, тогаш мислам дека некој треба да си го стави прстот на чело и да размисли што прави“, додаде премиерот, оставајќи простор за можноста за промени во раководството на обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 3 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 6 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 13 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања