Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: За година и половина ги реализиравме сите цели, ја затекнавме државата со наследени проблеми, но воспоставивме одговорно и домаќинско управување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  истакна дека Владата во изминатата година и половина ги реализирала сите зацртани цели, а во многу сегменти направила и повеќе од првично планираното, како резултат на реалните и итни состојби со кои се соочила државата.

— реклама —

„Немаше нешто што планиравме, очекувавме да го направиме, а не го направивме. Мислам дека направивме и повеќе од тоа што очекувавме”, истакна Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.

— реклама —

Тој нагласи дека и по година и половина од преземањето на одговорноста, Владата се уште се соочува со непријатни изненадувања, кои во најголем дел се резултат на, како што посочи, седумгодишното неодговорно управување на СДС и ДУИ.

— реклама —

„Секој ден излегува некое ново  непријатно изненадување кое е последица, би рекол, во најголем дел од седумгодишното управување со владата на СДСМ и ДУИ, но исто така има и објективни, во помал број, изненадувања кои не сум ги очекувал. Но најголемиот број непријатни изненадувања или работи кои не сум ги очекувал се навистина од тоа време“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Владата работи посветено и одговорно, со цел целосна стабилизација на состојбите и надминување на наследените проблеми, притоа водејќи се исклучиво од државниот и јавниот интерес.

„Така што навистина во овие година и половина можам да кажам, еве гордо, дека сите цели кои ги имавме како влада ги реализиравме и, поради изнудените чекори што мораше да ги правиме, направивме и многу работи кои не ги планиравме дека ќе ги завршиме во овие година и половина”, посочи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 9 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања