Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library97djs7cs34eu6YvmrcM

Дејан Митески, кандидат за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и посочи дека Аеродром ќе продолжи да се развива, и да се реализираат важни проекти, безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило, спортски сали, културни центри.

„Мојот претходник, Тимчо Муцунски постави високи стандарди, кои не обврзуваат да следиме. Заедно реализиравме важни проекти, но ова е само почеток. Она што следува е уште поважно да ја градиме иднината заедно, по мерка на секој жител на нашата општина. Оваа програма  не е напишана во некоја канцеларија. Ја создадовме заедно, со вас граѓаните на Аеродром. Ќе имаме безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило и радост, спортски сали, културни центри, можности за образование, работа и простор сите да ги реализираат своите идеи. Убава средина, безбедни улици, достапни услуги, секојдневие што е поквалитетно и посреќно. Во исто време градиме училиште, градинка и спортска сала нешто што не се случило никогаш претходно, а се случува благодарение на поддршката на претседателот Христијан Мицкоски“, рече Митески.

— реклама —

Митески истакна дел од проектите на изборната програма.

„Без поддршка од градот и без централна власт ние работевме. Чистевме, садевме, градевме затоа што љубовта кон Аеродром не може да се запре. Во секоја населба од Мичурин до Долно Лисиче, предвидуваме нови инвестиции во инфраструктурата, културата, образованието и спортот. Зелената офанзива е нашето знаме, Аеродром е најзелената општина нашата гордост, и таква и ќе остане. Секое дете во градинка да, тоа е реалност и ќе биде остварена. За првпат добиваме кино и театар место за култура, радост и талент, Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски, а спортот останува наш белег, МЗТ и Вардар се симболи на љубов, традиција и успех, воведуваме нула комуналии за изградба на прв дом за сите млади. Но пред се Аеродром ќе остане мирно, сигурно и достоинствено место за живеење.

— реклама —

На крај Митески ги повика граѓаните да гласаат за бројот 9, за Аеродром да биде уште поубаво место за живеење.

„На 19 октомври, направете го изборот што значи работа, чесност и иднина, ајде заедно да го направиме Аеродром уште поубаво место за живеење, Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина“, дециден е Митески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 17 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 22 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања