Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Митески за настршницата на кафеаната „Трокадеро“: Ќе постапиме по завршување на жалбената постапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-library0gqle8ndmtd0axpB6yj

Градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески денеска беше прашан за најавата дека ќе урне настршница од гипс на кафеана лоцирана во општината. Иако најавата беше дадена претходно, сè уште не е спроведено урнувањето, а новинарите го прашаа кога точно ќе се реализира.

„Како општина можеби сме една од ретките којашто острани неколку објекти за коишто беа создадени комплетни услови за отстранување. Ако вашето прашање за угостителскиот објект Трокадеро кој што се наоѓа во населбата Острово, таму е во фаза на решавање односно одлучување по жалби, не би сакале да избрзаме. Во тој дел таму го реконструираме комплетно плочникот, така што кога ќе се создадат услови, Општина Аеродром ќе постапи како што постапуваше и во минатото во однос на на дивоградбите, изјави Митески.

— реклама —

На прашањето дали ќе чекаат да се заврши жалбената постапка, бидејќи во решението стои во еден дел дека и покрај тоа што е во жалба треба да се отстрани, тој одговор дека такви се решенијата, но не би сакал да ја доведе општината во ризик.

„Да, такви се решенијата во однос на инспекциските постапки, меѓутоа, не би сакале да ја доведеме во ризик Општина Аеродром во случај да се поништи решението од второстепен орган, па да плаќаме штети и повторно да поведуваме нова постапка“, вели Митески.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye4sqjhohae8e2vvzffD

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата

Скопје | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Кои градови се најлоши во авиосообраќајот по времето на доцнење за полетување

Свет | пред 1 седмица

media-librarygo06d592e1a2dVFVvR4

Аеродром добива нова урбана оаза за рекреација и дружење

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc5t3pc64o1g2bUk3oSV

Oпштина Aеродром со 138 милиони денари инвестиција за реконструкција на 5.4 километри улици

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања