Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Митрески: СДСМ бара Kомисијата за деловнички прашања да биде свикана за одлуката на Гаши за Законот за бранители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6787

,,Денес како потпретседател на Собранието предложен од најголемата опозициска партија, врз основа на член 62, став 4 од деловникот, преку архивата доставив допис, барање до претседателот на собранието, господинот Африм Гаши, да ја задолжи комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања и да свика седница каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3. Бидејќи апсолутно не се согласувам со образложението на претседателот за овој член од деловникот, го доставив наведеното барање.

— реклама —

Ако врз основа на истиот член, господинот Африм Гаши, ја свика комисијата за финансирање и буџет, за задолжувањето од Унгарија, што реално, е и негова деловничка обврска, истото може да го направи и со законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили.

— реклама —

Пред скоро 10 дена, координаторот на пратеничката група на СДСМ, господинот Оливер Спасовски, поднесе барање до претседателот на Собранието да достави образложение за тоа дали и кога ќе ја свика седницата на комисијата за разгледување на овој закон, по истиот терк како што беше свикана и комисијата за финансирање и буџет.

— реклама —

До овој момент, образложение или одговор нема, и најверојатно нема ни да има. Има некакви образложенија пратени до јавноста, кој воопшто немаат смисла, ниту се во согласност со деловникот ниту имаат допир со реалноста. Затоа, ако претседателот на собранието, Африм Гаши е сигурен во неговото образложение, бараме да се свика комисија за деловнички имунитетни и мандатни прашања и таму да ги судриме аргументите.

Ова е шанса и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да докажат дека реално се залагаат за решавање на овој проблем, а нивната заложба, не е само декларативна.”, изјави потпретседателот на Собранието Јован Митрески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 7 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 9 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 12 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања