Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Млада докторка од Геријатрија загина во сообраќајка во Скопје, колегите во неверување: Сите нѐ смрзна, сите не замолчи во еден миг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-03-22-at-08.21.06

Докторката Моника Лукровска загина во сообраќајката која пред два дена се случи на магистралниот пат кој води од Скопје до Блаце. Таа работеше во Специјализираната болница за геријатрија во Скопје. Мајка е на две малолетни деца.

— реклама —

„Остави траги и многу спомени зад себе.Денес сите не смрзна,сите не замолчи во еден миг. Во еден миг застана се и само погледи се ширеа со силна воздишка и солза меѓу нас а без глас.Добриот човек секогаш ќе се памти. Ти беше херој,професионалец ,пријател и колега со срце и милост.Секогаш зрачеше со позитивна енергија без разлика на секојдневието. Денес не обои во црно, Ќе недостасуваш многу. Почивај во мир“, напишаа колегите од болницата.

— реклама —

Претходно, МВР објави детали за несреќата.

— реклама —

„На 20.03.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје - Граничен премин Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(40) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(52) од с.Сарај, скопско. Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, објавија од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 2 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 4 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 4 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања