Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МНР склучи договор за чартер-летови: До средината на неделата ќе се евакуираат сите пријавени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови ќе започне во недела, соопшти МНР и надворешна трговија. Потпишан е договор со авиокомпанија по постапка согласно Законот за јавни набавки, а до средината на следната недела се очекува да бидат вратени сите што пријавиле дека сакаат да се евакуираат. Процесот го координираат Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва. Амбасадата во Доха контактирала 150 лица (95 за евакуација), а во Абу Даби се јавиле 585 од ОАЕ, 36 од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Саудиска Арабија. МНР ги повика граѓаните да се јават на дежурните/СОС броеви; деталите за летовите ќе следуваат.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови ќе започне во недела, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Од Министерството соопштија дека попладнево е склучен договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки и по спроведена соодветна постапка. Според утврдениот план, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.

— реклама —

Процесот, како што посочуваат, се координира од Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва во регионот.

Според последните податоци, амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација. Амбасадата во Абу Даби, пак, била контактирана од 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и од 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и пет од Кралството Саудиска Арабија.

— реклама —

Министерството повторно ги повика сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените региони, а сè уште не стапиле во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва, тоа да го направат во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви или преку СОС-бројот на Министерството.

Техничките и организациските детали за летовите ќе бидат дополнително утврдени во координација со авиокомпанијата, а граѓаните ќе бидат навремено информирани за сите следни чекори. Министерството наведува дека останува во постојана комуникација со граѓаните и институциите со цел нивно безбедно и навремено враќање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања