Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мојсоска: Левица е единствена партија со јасен став против Бугари во Устав под било какви услови - патот до Брисел не може и не смее да води преку Софија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
5

Пратеничката и генерална секретарка на Левица, Јована Мојсоска, во интервју за „Локално“ изјави дека Левица е единствена парламентарна партија со јасен став – против Бугари во Устав под било какви услови.

— реклама —

„Нашиот став е јасен - патот до Брисел не може и не смее да води преку Софија. Македонското општество мора отворено да почне да говори за феноменот на интеграцијата на Македонија во Европската Унија, а тоа е дека со секој исчекор, постепено се губеше самобитноста на македонската нација. Почнувајќи од Лисабонската декларација, преку Рамковниот договор и територијалната поделба, па нелегитимниот Преспански договор, ние денес сме во состојба на длабоко поделена држава по дејтонски нефункционален систем каде унитарноста е само на хартија, додека паралелни институции никнуваат во образованието, општините, болниците, па сега гледаме дури и паралелна т.н. Албанска академија.

— реклама —

Додека во Бугарското собрание сведочиме едногласно усвоена Декларација со која се негира самобитноста на македонската нација, во нашиот контекст се гледа како т.н. партии на албанскиот блок секогаш се во служба на интересите на странските интереси за демонтирање на македонската држава. Можете само да претпоставите колку е посилна позицијата на Грција при Преспанскиот договор или на Бугарија при т.н. Француски предлог, знаејќи дека секогаш имаат четвртина пратеници во Македонското собрание подготвени да ги гласаат сите позиции кои ги рушат конститутивните елементи на македонската држава. Ние сме во ситуација кога 20 - 30 пратеници во законодавниот дом (од албанскиот политички блок) секогаш се подготвени да гласаат за промени на Уставот.

— реклама —

Сè додека не изникне граѓанска опција во албанскиот политички блок, со силен сентимент на лојалност кон Република Македонија, овие ретроградни партии секогаш ќе ги рушат позициите на македонската држава, како дел од нивната доктрина која почива врз необалистичка идеологија.

На патот кон ЕУ, македонската држава, која почива врз АСНОМ и народно-ослободителната борба, е под директен напад на здружените сили на необализмот и неоврховизмот, како во времето на Втората светска војна. Потребни се нови генерации политичари, со силен државнички менталитет, кои можат да ги антиципираат геополитичките промени и мудро да се позиционираат во новиот светски поредок, како што направила авангардата при конститурањето на македонската држава, изникната од големата победа против фашизмот“, вели Мојсоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 18 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања