Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Москва: Нашите авиони не го нарушија естонскиот воздушен простор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarykof3mshm5ru94cC3H6B

Руските борбени авиони не го нарушиле естонскиот воздушен простор и летале над неутралните води на Балтичкото Море, соопшти руското Министерство за одбрана во раните утрински часови на Телеграм.

„Летот беше изведен во целосна согласност со меѓународните правила за воздушен сообраќај, без какво било нарушување на границите на други држави, што го потврдија независни проверки“, стои во соопштението за трите авиони МиГ-31.

— реклама —

Талин, пак, тврди спротивното. Естонија вчера соопшти дека трите руски авиони без дозвола влегле во нејзиниот воздушен простор и таму останале вкупно 12 минути.

„Русија годинава веќе четири пати го прекрши нашиот воздушен простор, што само по себе е неприфатливо, но најновото нарушување, при кое три борбени авиони навлегоа во нашата територија, е невидена дрскост“, изјави министерот за надворешни работи Маргус Цахкна.

— реклама —

Естонската армија објасни дека руските авиони биле пресретнати од италијански ловци Ф-35, стационирани во базата во Естонија во рамките на мисијата за воздушен надзор над Балтикот.

Поради инцидентот, премиерот Кристан Михаел објави дека Естонија го активира Член 4 од НАТО, кој ѝ овозможува на секоја земја-членка да побара консултации доколку смета дека нејзиниот територијален интегритет или безбедност се загрозени. За разлика од Членот 5, кој предвидува колективна воена одбрана, Членот 4 подразбира дипломатски консултации и координација.

Случајот доаѓа нешто повеќе од една седмица откако повеќе од 20 руски дронови влегоа во полскиот воздушен простор, дел од кои беа соборени од НАТО авиони. И НАТО и Европската Унија остро го осудија најновиот упад, оценувајќи го како „екстремно опасна провокација“ и изразувајќи целосна поддршка за Естонија.

Американскиот претседател Доналд Трамп, запрашан од новинарите во Белата куќа, кусо изјави:

„Не ми се допаѓа тоа. Не сакам кога се случува вакво нешто. Може да предизвика големи проблеми, но ќе ве информирам подоцна.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања