Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Москва: Украински служби планирале експлозија на гасовод, ФСБ го спречила нападот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Screenshot-2024-03-23-at-10.49.04

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека спречила обид за диверзија на гасовод во Серпуховскиот округ во Московската област, за кој, според нивните тврдења, стоеле украинските разузнавачки служби. Според официјалното соопштение, во текот на ноќта бил уапсен 56-годишен руски државјанин во моментот кога наводно се обидувал да постави импровизирана експлозивна направа на дел од гасоводот.

— реклама —

Како што пренесува агенцијата РИА Новости, ФСБ наведува дека осомничениот претходно добил инструкции од „украински курир“, по што купил автомобил и електрична бушилка, а потоа, следејќи ги координатите што му биле доставени, пронашол скриено складиште со рачно изработени експлозивни направи.

— реклама —

ФСБ тврди дека со навремената интервенција е спречена поголема материјална штета и потенцијален ризик за безбедноста во регионот. Од Украина засега нема коментар за случaјот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 15 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 17 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 19 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања