Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Муцунски ќе учествува на Светскиот самит за влади во Дубаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
timco-mucunski

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до четврток престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, каде ќе учествува на Светскиот самит за влади.

— реклама —

 „На Самитот, кој се одржува под мотото „Обликување на идните влади“, ќе учествуваат над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 20 претседатели на меѓународни организации, како и над 500 министри и лидери од мултинационални компании од целиот свет. Настанот е посветен на унапредување на меѓународната соработка и изнаоѓање иновативни решенија за идните глобални предизвици.

— реклама —

 Во рамки на Самитот, министерот Муцунски ќе учествува и ќе се обрати на панел-дискусијата „The Next Logistics Order: What Must Change?“, како и на министерска тркалезна маса на високо ниво, посветена на развојот на глобалните логистички и трговски системи и актуелните геополитички промени.

— реклама —

 За време на посетата е предвидено потпишување меморандум за разбирање меѓу владите на Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати, како и одржување бројни билатерални средби со високи претставници на држави, меѓународни организации и мултинационални компании.

 Учеството на министерот Муцунски на Светскиот самит за влади во Дубаи претставува потврда на активната улога на Република Северна Македонија во промовирањето на мирот, стабилноста и меѓународната соработка, како и на заложбите на македонската дипломатија за продлабочување на односите со клучни меѓународни актери, вклучително и со земјите од арапскиот свет и Блискиот Исток“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mucunski-3

„Ќе бидеме први во Европа“ – Муцунски најави стратешки дијалог со САД

Свет | пред 2 дена

media-library6rmqli5l19vvbpaY2Ap

Муцунски во работна посета на Варшава, зајакнуваат економската соработка и трговската размена

Македонија | пред 5 дена

media-libraryh1iej14tbnbn4cf7V3w

Зајакнување на соработката во образованието: Муцунски се сретна со Роксана Минзату

Македонија | пред 6 дена

media-libraryveqrv3tlg5tt1mzRusm

Муцунски оствари средба со еврокомесарката Кос за напредок во ЕУ интеграциите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања