Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Муцунски на работен појадок организиран од унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Mucunski_7112024_1

Во пресрет на состанокот на Европската политичка заедница што се одржува во Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Сијарто, присуствуваше на работен појадок, каде заедно со своите колеги министри за надворешни работи разменија мислења за актуелните глобални и европски политички прашања.

— реклама —

— реклама —

Фокусот на дискусијата беше ставен на динамиката на евро-атлантските интегративни процеси и специфичните предизвици на секоја од земјите. Притоа, министрите се согласија дека интеграцијата во Европската Унија останува врвен приоритет, проследен со почитување на европските вредности. Во своето обраќање, министерот Муцунски го истакна долгиот евроинтеграциски пат што државата го изоди во изминатите две децении и говореше за кредибилноста на проширувањето, кое треба да се заснова на исполнување на реформската агенда, соопшти МНР.

— реклама —

Попладнево, како дел од делегацијата предводена од претседателот на владата, Христијан Мицкоски, министерот Муцунски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница, каде фокусот ќе биде ставен на теми како што се енергетската безбедност, економската сигурност и регионалното поврзување, се додава во соопштението на Министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mucunski-3

„Ќе бидеме први во Европа“ – Муцунски најави стратешки дијалог со САД

Свет | пред 2 дена

media-library6rmqli5l19vvbpaY2Ap

Муцунски во работна посета на Варшава, зајакнуваат економската соработка и трговската размена

Македонија | пред 5 дена

media-libraryh1iej14tbnbn4cf7V3w

Зајакнување на соработката во образованието: Муцунски се сретна со Роксана Минзату

Македонија | пред 6 дена

media-libraryveqrv3tlg5tt1mzRusm

Муцунски оствари средба со еврокомесарката Кос за напредок во ЕУ интеграциите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања