Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР со нови приводувања за безобѕирно управување возила во Пелагонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи лишија од слобода тројца возачи во Крушево, Прилеп и Битола, откако било утврдено дека управувале моторни возила под дејство на алкохол.

— реклама —

На 1 февруари 2026 година во 01:05 часот, на улицата „Тодор Проески“ во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го привеле Д.Д. (23) од Прилеп. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што алкотестот покажал 1,58 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Претходно, на 31 јануари 2026 година во 18:37 часот, на место викано „Стопанство“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Д. (51) од селото Кривогаштани, прилепско. При контрола било запрено патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, а кај возачот биле измерени 3,37 промили алкохол во крвта.

— реклама —

На 1 февруари 2026 година во 02:12 часот, на улицата „4 Ноември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го привеле С.Н. (21) од селото Брусник, битолско. Тој управувал патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, а при алкотестирање било утврдено присуство на 1,54 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, против сите три лица ќе бидат поднесени соодветни пријави за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Google-Maps-Street-View-two-women-fighting-Russia-1382501

Уапсена Германка во Гостивар, осомничена за тепачка лани во декември

Македонија | пред 5 минути

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

73-годишен маж пронајден починат во куќа во Гостивар

Македонија | пред 7 минути

pari

Давала пари на заем со висока камата и упатувала закани – пријава против 53-годишна струмичанка

Македонија | пред 2 часа

media-libraryomc4t647a96a6f5VAWv

Жена уценувала газда во Куманово: „Врати ме на работа или ќе објавам фотографии“

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања