Поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, заедно со уште едно лице, го уценувала сопственикот со закани за објавување компромитирачки фотографии, барајќи пари или враќање на работа.
„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел создавање негативна слика за угостителскиот објект.
Во извршување на делото ѝ помагал второпријавениот“, велат од МВР.