Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Уапсени лица кои избегале од затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5
Скопје1.мк

Две лица од Струмица, кои биле во бегство од затвор, се лишени од слобода во полициска акција спроведена во раните утрински часови, информира Министерство за внатрешни работи.

— реклама —

Акцијата била реализирана денеска околу 03:30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица.

— реклама —

„Денеска (01.04.2026) околу 03:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица ги лишија од слобода С.М.(31) осуден на казна затвор од пет години и М.М.(38) осуден на казна затвор од четири години, двајцата од Струмица“, соопшти МВР.

— реклама —

Станува збор за лица кои биле во бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица, каде издржувале казна затвор поради сторено кривично дело „тешка кражба“.

„Лицата беа во бегство од КПУ Затвор Струмица, а претходно осудени поради сторено кривично дело по чл.236 ст. вв чл.45 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

По лишувањето од слобода, двајцата се спроведени назад во затворот за доиздржување на казната.

„Лицата се спроведени во КПУ Затвор Струмица за доиздржување на казната“, соопшти МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pari

Давала пари на заем со висока камата и упатувала закани – пријава против 53-годишна струмичанка

Македонија | пред 20 минути

media-libraryomc4t647a96a6f5VAWv

Жена уценувала газда во Куманово: „Врати ме на работа или ќе објавам фотографии“

Македонија | пред 1 час

media-librarypou2rd2qm2tv74ME7sP

Денес во Скопје: Посебен сообраќаен режим поради посетата на Милатовиќ

Скопје | пред 3 часа

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања